25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИImperial Tobacco смета на поскромен годишен раст

Imperial Tobacco смета на поскромен годишен раст

itl_cover

Мултинационалната тутунска компанија „Imperial Tobacco“, со седиште во Велика Британија, предвидува скромен раст на годишниот приход и профит и покрај малото зголемување на обемот на продажбата на нејзините најважни брендови.

Во соопштението, кое го пренесува Ројтерс, компанијата прецизираше дека обемот на продажбата на најбараните брендови на цигари „Davidoff“ и „Gauloises“ пораснал на годишно ниво за само три проценти во првите девет месеци од фискалната година (октомври-јуни).

Приходите во исто време се зголемени за 2,0 проценти, на 4,75 милијарди фунти (5,92 милијарди евра), но кога ќе се исклучи ефектот на девизните курсеви произлегува дека тие се намалиле за 1,0 проценти.

Групацијата наведе дека пазарот во последниот квартал е малку подобрен и дека на некои европски пазари падот на продажбата е забавен, што сепак делумно го ублажи забележливиот пад на пазарот во Русија и Блискиот Исток.

На глобално ниво, на пазарите на кои компанијата „Imperial Tobacco“ е присутна, во периодот од октомври до јуни е забележан пад на продажбата на тутунските производи од четири проценти во однос на истиот период една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП