4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗголемeн профитот на Lindt&Sprungli за 14 проценти

Зголемeн профитот на Lindt&Sprungli за 14 проценти

lindt11

Швајцарскиот производител на слатки, познат по луксузните чоколади и пралини „Lindt&Sprungli“ во првата половина од оваа година го зголеми нето профитот за 14,3 проценти, на 55,8 милиони франци, соопштија од компанијата.

Истовремено, оперативниот профит се зголемил за 17,7 проценти, на 77,1 милиони франци, додека приходите од продажбата, со раст од шест проценти на годишно ниво, достигнаа износ од 1,2 милијарди франци, пренесува агенцијата Франс прес.

Вредноста на нето профитот во извештајниот период (55,8) ги надмина очекувањата на аналитичарите кои во просек предвидуваа износ од 55,1 милиони франци.

За цела 2014 година компанијата „Lindt&Sprungli“ очекува раст на приходите од шест до осум проценти во однос на 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП