19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткуп или продолжување на закупот на државните станови до 15 септември

Откуп или продолжување на закупот на државните станови до 15 септември

stanovi

Лицата кои живеат во станови доделени од државата врз основ на ниски приходи до 15 септември ќе мора да се произнесат дали ќе го продолжат договорот за закуп на становите или ќе ги откупат според новите поволности кои треба да ги донесе Владата на Република Македонија.

Ова денеска го кажа доректорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување на станбен и деловен простор Цветко Грозданов на презентацијата на новите предложени мерки и на новата веб страна на друштвото.
„Од 851 стан, 759 корисници на овие станови немаат продолжено договори. Апелирам до корисниците на овие станови во периодот што следи до 15 септември да се одлучат што понатаму ќе прават со овие станови. Сите граѓани што останале во ранливите категории и понатму се наоѓаат во категоријата со ниски примања ќе можат да го задржат станот и да плаќаат симболична кирија. Додека пак лицата што излегле од оваа категорија би требало доколку се определат за откуп на станот да го откупат доколку пак не се определат за откуп да склучат договор за користење на станот под закуп, за што ќе има одредена комерцијална цена“, истакна Грозданов.

Појасни дека комерцијалната цена ќе се движи во зависност од кириите кои што се движат на пазарот во регионот каде што се наоѓа станот. Додаде дека во периодот што следи покрај опциите за откуп и закуп, на граѓаните од овие категории ќе им бидат понудени и други опции како на пример намалена каматна стапка или ќе биде задржани бројот на ратите за исплата на станот кој изнесува 240.

„Во периодот кој што следи Владата на Република Македонија ќе донесе одлука за намалување на каматната стапка според нашите предлози кои се движат од 4,9 до 5,1 отсто. Апелирам граѓаните да се одлучат за откуп на овие станови за да можат сопственоста да ја пренесат на своите поколенија“, нагласи Грозданов.

Просечната цена на месечна закупнина на становите е од 1.500 до 2.000 денари. Цената за откуп на становите во Скопје каде има 157 станови се движат од 580 до 680 евра за метар квадратен, Битола 540 евра, Ресен 390 евра, Дебар 380 евра, Прилеп 380 евра, Кичево 340 евра. Цената на становите во Кочани изнесува 460 евра, Штип 380 евра, Велес 560 до 700 евра за метар квадратен, Тетово 530 евра, Гостивар 370 Струмица 480 евра, Гевгелија 430, Кратово 390 и Крива Паланка 430 евра за метар квадратен.

На презентацијата на новата веб страна на АД за стопанисување на станбен и деловен простор, Грозданов појасни дека граѓаните ќе можат да се запознаат со сите нивни активности, како полесно да дојдат до потребните податоци за понудата на становите на АД како и со контактите со менаџментот на друштвото за подобра комуниукација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП