19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена годишната стапка на инфлација во Британија

Намалена годишната стапка на инфлација во Британија

germanyinflation1

Годишната стапка на инфлација во Британија е намалена во јуни на 1,6 проценти од јунските 1,9 проценти, покажаа податоците на британската Kанцеларија за статистика.

„Поевтинувањето на облеката најмногу придонесе за намалувањето на целокупната стапка на инфлацијата, на што исто така влијаеа и ниските цени на алкохолните пијалоци, финансиските услуги и храната“, пренесува агенцијата Франс прес.

На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени (ИПЦ) во јули се намали за 0,3 проценти во однос на јуни.

„Денешните податоци само дополнително го олабавуваат притисокот врз Централната банка на Британија да го разгледа зголемувањето на каматните стапки“, изјави аналитичарот на ING банката, Џејмс Најтли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП