2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen не се откажува од Русија

Volkswagen не се откажува од Русија

volkswagen-sets-up-engine-assembly-unit-at-chakan-plant

Најголемиот европски производител на патнички автомобили „Volkswagen“ нема да го менува својот инвестициски план за Русија и покрај кризата која се продлабочува.

Претходно, Мартин Винтеркорн, директорот на оваа компанија изјави дека компанијата до крајот на 2018 година во Русија ќе инвестира 1,2 милијарди евра.

Концернот денес потврди дека во врска со овие планови ништо не се менува и дека тие внимателно ја следат состојбата во Русија.

Од 2006 година „Volkswagen“ во изградба на капацитети во Русија инвестираше 1,3 милијарди евра.

Винтеркорн Русија ја смета за стратешки партнер во развојот во Европа. Минатата година во Русија беa продадени 287,264 автомобили, што претставува пад во однос на 2013 година.

„Volkswagen“ и компаниите во неговиот состав минатата година во светот произведоа 9,73 милиони автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП