3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's ја намали прогнозата за Франција

Moody’s ја намали прогнозата за Франција

loshaprognoza6544547

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ ја намали прогнозата за раст на францускиот БДП за тековната година од 0,6 на 0,5 проценти, што е идентично на нивото кое го прогнозира француската влада.

За 2015 година, „Moody’s“ предвидува економски раст на Франција од 0,9 проценти од БДП, додека во претходната најава прогнозираше 1,3 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Истиот извор потсетува дека францускиот министер за финансии, Мишел Сапен, изјави дека ја намалил прогнозата за раст на економијата од 1,0 на 0,5 проценти за 2014 година, откако националниот статистички институт објави дека во вториот квартал е забележан нула економски раст.

„Moody’s“ нагласува дека освен стагнацијата на БДП во вториот квартал, на потенцијалот за раст на француската економија особено негативно влијае и падот на инвестициите од 1,1 проценти во истиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП