3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТајланд за малку избегна техничка рецесија

Тајланд за малку избегна техничка рецесија

tajland1

Економијата на Тајланд во вториот квартал порасна за 0,9 проценти и така избегна рецесија, враќајќи се на патот на позитивниот раст по воедниот удар во мај.

Во периодот април-јуни, бруто домашниот производ (БДП) на Тајланд порасна за 0,9 проценти, по падот од 1,9 проценти во претходниот квартал, додека на годишно ниво тајландската економија во вториот квартал пораснала за 0,4 проценти, соопшти тајланското Биро за економски и социјален развој, пренесува агенцијата Франс прес.

Повеќемесечната политичка криза, која го погоди Тајланд пред мајскиот воен удар, предизвика пад на извозот, странските инвестиции и туризмот. Командантот на тајландската армија, генералот Пајут Чан Оча на 22. мај ја презема контролата од владата, порачувајќи дека војската мора да го врати редот во земјата и да спроведе реформи.

Тој, исто така, во таа прилика вети обновување на запрените инвестициски проекти, како што е изградбата на железнички и патни линии, и враќање на долгот кон одгледувачите на ориз, со цел да се обезбеди поттик за земјоделството.

И покрај позитивниот замав, втората најголема економија на Југоисточна Азија и понатака очекува разочарувачки резултати во оваа година, предвидувајќи годишен раст на БДП од 1,5 до 2,0 проценти, наместо претходно прогнозираните 1,5-2,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП