Компанијата „eBay“ наскоро ќе овозможи плаќање со виртуелната валута биткоин, пишува весникот Wall Street Journal.
Плаќањето со биткоин ќе биде вклучено во платформата за мобилно плаќање „Braintree“ која е во сопственост на „PayPal“.
Претставниците на „eBay“ и „PayPal“ преговараат за различните сeрвиси за размена на биткоин, меѓу кои е и „Coinbase“.
Доколку биде постигнат договор, корисниците во САД, на пример, ќе можат да платат соба со биткоин преку сервисот за изнајмување на сместување „AirBnB“ или превоз со евтината и популарна такси служба „Uber“, бидејќи тоа се само некои од сервисите кои ја користат платформата „Braintree“ при мобилното плаќање.
Низ оваа платформа годишно минуваат 12 милијарди долари.