3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ја игнорира ЕУ, нема намалување на извозот во Русија

Турција ја игнорира ЕУ, нема намалување на извозот во Русија

turcijaturcija1

Без оглед на барањето на Европската унија, Турција планира да го зголеми извозот на земјоделски производи во Русија.

„Треба да ја искористиме оваа прилика бидејќи Русија може да искористи се што произведуваме. Немаме енергетски ресурси какви што има Русија, но имаме земјоделство, вода и обработливо земјиште и треба да соработуваме и да ги продаваме нашите производи“, изјави претставникот на Стопанската комора на Истанбул, Ахмет Озер.

Турција минатата година на Русија и продаде стока во вредност од седум милијарди долари. Според Озер, овој показател би можел да се зголеми и за 25 проценти, ако Москва и се обрати на Анкара барајќи увоз на стока која претходно беше набавувана од Австралија, Канада, Норвешка, САД и земјите во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП