3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија дури во 2091 би го достигнала нивото на БДП на ЕУ...

Бугарија дури во 2091 би го достигнала нивото на БДП на ЕУ од 2011-та

bulg

При задржување на темпото на развој од два отсто на годишно ниво, Бугарија би го достигнала просечното ниво на БДП што ЕУ го имаше во 2011-та година дури во 2091-та, изјави професорот Бојан Дуранкев, презентирајќи ја „Повелбата за слободна, праведна и солидарна Бугарија“.

Според Дуранкев, како што јави БТА, системот во Бугарија мора да се промени, бидејќи тој е „скапан, корумпиран и атрофиран“.

Бугарија не ги следи европските и светските тенденции и нема долгоорчна стратегија за развој, нагласи Дуранкев, додавајќи дека системот „работи само во интерес на мала група луѓе“.

Тој нагласи дека „Повелбата“ што ја промовира ја потпишале интелекталци од различни сфери и дека таа е насичена кон сите што „не сакаат повеќе да гледаат како едни исти полиитчки играчи… тврдат дека праведноста е невзоможна и дека луѓето треба да се помират со мизеријата во која живеат“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП