4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто и прави сонцето на вашата кожа (видео)

Што и прави сонцето на вашата кожа (видео)

30920288953f0fc67edbef324178661_640x364

Сонцето навистина е извор на живот на Земјата, но неговата светлина, директно или индиректно, може да предизвика последици кои луѓето првично ќе ги почувствуваат на нивната кожа.

Оштетувањата кои ги трпи нашата кожа се предизвикани од ултравиолетовите зраци кои не се видливи со голо око. Така ни оштетувањата кои ова зрачење ги предизвикува не можеме веднаш да ги забележиме.

Но кога нашиот лик ќе се најде пред камера која ги регистрира ултравиолетовите зраци, ситуацијата станува значително поинаква.

Томас Леверит со својата екипа спроведе мал експеримент, запрашувајќи ги минувачите да застанат пред една таква камера.

„Им покажавме на луѓето како изгледаат под ултравиолетовите зраци и ги запрашавме зошто не користат крема за сончање секој ден“, изјави тој.

Откако ќе  го погледнете неговото видео, и ќе сфатите што навистина Сонцето и прави на вашата кожа, почитувајте ги правилата за секојдневно нанесување на крема со заштитен фактор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП