23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUnion Pay ги замени Visa и MasterCard во Русија

Union Pay ги замени Visa и MasterCard во Русија

unionpayvgtrgh5trh5r

Русија заборави на „Visa“ и „MasterCard“, а на нивнотo место доаѓа кинескиот систем за плаќање „Union Pay“.

Американските компании „Visa“ и „MasterCard“ престанаа да им овозможуваат услуги со платните операции на клиeнтите во руските банки, во рамките на наjновите санкции од САД кон Русија.

Откако американските комании „Visa“ и „MasterCard“ престанаа да им овозможуваат услуги на клиентите во руските банки, мерка која е во рамките на санкциите упатени од САД кон Русија, Русија е во потрага по алтернатива во Kина.

„Union Pay“ планира да издаде два милиони платежни картички вo Русија во наредните три години.

„Union Pay“ се појави во 2002 година на кинескиот пазар како алтернатива за „Visa“ и „MasterCard“, но во брзо време оваа компанија се прошири на меѓународен план, а сега е број еден во светот според издадената количина на картички.

Најголемите руски банки започнаа да соработуваат и да ги тестираат картичките на „Union Pay“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП