4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Германија да ги зголеми платите

ЕК: Германија да ги зголеми платите

evropaj6u65u76ui3

Европската комисија смета дека „дефинитивно е потребно“ зголемување на платите во Германија, со цел да се зголеми потрошувачката на локалното население и со тоа да им се помогне на германските соседи.

„Многу е важно Германија да ги зголеми јавните инвестиции, да ја поттикне побарувачката, да ги намали прекумерните трговски такси кои им штетат на европските соседи. Европската комсиија смета дека од суштинско значење е и промената на политиката за плати во Германија“, изјави европскиот комесар за вработување Ласло Андор.

Германија веќе повеќе години го блокира растот на платите со цел да ја зголеми меѓународната конкурентнос на своите компании.

Во еврозоната која сеуште е во економска криза, некои сметаат дека зголемувањето на платите во Германија ќе биде од корист за сите, бидејќи на тој начин ќе се исправи разликата во конкурентноста и ќе се зголеми куповната моќ на граѓаните на земјата со најголем пазар во еврозоната.

Меѓутоа, забавувањето на германската економија во вториот квартал од оваа година, не укажува на можноста за зголемување на платите. Економскиот раст се намали за 0,2 проценти од почетокот на април до крајот на јуни.

Германските работодавачи веќе предупредија дека преговорите за зголемување на платите, кои се предвидени за наредните месеци, ќе бидат тешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП