24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНаскоро може да ја очекуваме редизајнираната „B“ класа

Наскоро може да ја очекуваме редизајнираната „B“ класа

facelift b class

Покрај новитетите како што се „AMG GT“, „M сlasѕ facelift“, „GL facelift“, „CLA Shooting Brake“, сериските „MLC“, „S сlasѕ Cabrio“, „C сlasѕ Cabrio“, „C сlasѕ Hybrid“, новите „C63 AMG“, „GLK“, „S сlasѕ Maybach“ и „S сlasѕ Pullman“, „Mercedes“ подготвува и редизајн на „B сlasѕ“.

Тоа во изминатиов период го потврдија и шпионските фотографии од маскираните тест примероци.

Oвој модел на „Mercedes“ кој ќе биде на „MFA“ платформата во редизајнираното издание ќе добие нови предни светла, преден браник, маска и задни светла, како и нов издувен систем и подобрување на внатрешноста со нов волан.

Во платетата на мотори не би требало да има новитети, но може да се очекува намалување на потрошувачката на гориво кај постоечките агрегати.

Премиерата на обновената „B сlasѕ“ може да се очекува до крајот на оваа година (можеби и на саемот за автомобили во Париз), но повеќе детали треба да очекуваме во периодот што следи.

Само за потсетување, „Mercedes“ првата генерација на „B сlasѕ“ ја претстави во 2005-та година, втората генарација премиера имаше во 2011-та, додека милионитиот примерок на „B сlasѕ“ е произведен во декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП