27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВината на Стоби претставени на саемот во Белград

Вината на Стоби претставени на саемот во Белград

stobi

Винарија Стоби и оваа година зема учество во интернационалниот вински саем во Белград, BeoWine, што се одржува од 21 до 24 февруари. Во текот на четирите саемски дена, Винаријата Стоби ќе го претстави својот асортиман на бели, црвени и розе вина.

– Учеството на саемот BeoWine е на наша инцијатива и на наше заложување. Иако Стоби вината се веќе присутни и позиционирани на српскиот пазар, сепак мислиме дека саемското претставување си носи свои предности во однос на експанзија и промоција токму онаму каде што е најпотребна, меѓу експертите, дистрибутерите, деловните посетители, сомелијерите и вистинските, посветени познавачи на виното, изјави Лидија Трајковска, комерцијален директор на Перминдекс.

Дополнителен мотив за учество на овој саем, според неа, е промовирање на винскиот туризам.

– Досега многу вложивме во развивање на оваа посебно нова и атрактивна гранка, покрај самата коцепција на винаријата Стоби, како најмодерна винарија на Балканот, понатаму продолживме со отворањето на барик-одделот, на салите за дегустација и на ресторанот, и сето тоа е во прилог на развивање на новото поглавје во винскиот туризам, а полагаме и многу во развојот на винската култура, изјави Трајковска.

На површина од 1.640 м2 се изложени проближно 150 излагачи, од кои 37 странски односно од 13 европски земји. Бројот на посетители се движи околу 60.000, а околу 15 илјади од нив се деловни посетители.

Белградскиот вински саем се одржува во склоп на интернационалниот саем за туризам и е најголемата туристичка манифестација во земјите на југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП