4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвганистан останува без пари

Авганистан останува без пари

bezpari4543

И покрај бранот од повеќе милиони долари странска помош, владата на Авганистан постепено останува без пари.

Имено, спорот околу тоа кој ја однел победата на претседателските избори предизвикал застој во наплатата на буџетските приходи, изјави едно неименувано официјално лице од министерството за финансии на Авганистан.

Според неговите зборови, владата во Кабул наредниот месец би можела да се соочи со проблеми при исплатата на платите и одново би можела да побара помош од донаторите, пренесува агенцијата „Reuters“.

Од падот на талибанскиот режим во Авганистан во 2001 година, странските сили „донеле“ повеќе милијарди долари помош за оваа земја, но во овој момент мали се шансите наредниот претседател да прими ист износ на финансиска помош.

Износот на недостаток на парични средства во буџетот до денес останал непознат, но според последните податоци од официјалната страница на авганистанското министерство за финансии, буџетските приходи во првата половина од оваа година биле за 27,5 проценти пониски во однос на планираните приходи од 60,2 милијарди авгани (1,1 милијарда долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП