Јужнокорејската групација „Samsung Electronics“ ја купи младата американска компанија „SmartThings“.
Оваа компанија направи апликација за смартфон наменета за контрола на уредот од далечина.
„Благодарејќи на ресурсите и поддршката од страна на „Samsung“, „SmartThings“ ќе може да ја прошири својата платформа и да стане достапна за поголем број на партнери и уреди“, наведено е во соопштението на најголемиот светски производител на мобилни телефони.
Износот од договорот не е објавен, но се шпекулира дека тој изнесува околу 200 милиони долари.
„SmartThings“ ќе се интегрира во „отворениот иновациски центар“ на „Samsung“, но ќе ја задржи оперативната контрола, под управа на својот основач и генерален директор Алекс Хокинсон.