24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААргентина ги подмирува обврските кон СБ

Аргентина ги подмирува обврските кон СБ

argentinacountryeconomy

Аргентинските власти најавија дека на меѓународните финансиски институци, меѓу кои е и Светска банка (СБ), оваа година ќе им вратат преку три милијарди долари од долгот.

Ваков потег е најавен и покрај техничкиот банкрот на владата во Буенос Аирес, кој настапи поради одбивањето на Аргентина да им исплати 1,3 милијарди долари на американските фондови во чија сопственост се аргентинските обврзници купени во текот на претходниот банкрот на оваа латиноамериканска земја во 2001 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Според зборовите на генералниот секретар на аргентинската претседателка, Хорхе Капитанич, средства во вредност од три милијарди долари ќе бидат повлечени од девизните резерви на централната банка за да се исплатат обврските кон меѓународните финансиски институции.

Девизните резерви на Аргентина моментално се движат околу 29 милијарди долари, што е само половина од резервите во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП