5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција воведува даночни досиеја во борбата против измамите

Грција воведува даночни досиеја во борбата против измамите

grcija

Грчките власти воведуваат даночни „досиеја“ за да се справат со неплаќањето на даноците, јавија локалните медиуми.

Целта е преку овие „досиеја“ да се надгледуваат сите трошоци, скриени или јавни, направени од грчките даночни обврзници, за да се утврди колку реално ги навеле приходите во нивните даночни пријави.

„Досиејата“ ќе се составуваат по нови критериуми, во кои ќе се земе предвид не само имотната и финансиската состојба на секој даночен обврзник, туку и движењето на неговите пари, банкарските депозити и трошоците за патувања и одмор. Проверките ќе се прават по американски модел.

Грчките даночни власти планираат да го спроведат системот испробан во САД за следење на трошоците на сомнителни даночни обврзници.

Според извори од Министерството за финансии, се стравува дека на пазарот во Грција повеќе се работи со готовина и на тој начин тешко се влегува во трага на приходите и расходите.

Инспектори се уште не се сигурни како тоа ќе делува во пракса, бидејќи системот предвидува и проверки на домовите на даночните обврзници, што е во спротивност со Уставот. Една претходна слична идеја веќе предизвика гнев кај Грците, коментираат весниците.

Даночните измами и слабата наплата на даноците се еден од најсериозните проблеми во високо задолжената Грција, која беше соочена со банкрот, пред да добие помош во износ од 240 милијарди евра од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Во рамките на преговорите со тројката, меѓународни кредитори побараа реформи во системот за собирање на даноци во Грција, за да се помогне за зголемување на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП