5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавува темпото на раст на економијата на Хонг Конг

Забавува темпото на раст на економијата на Хонг Конг

hongkongkif3940ut4

Хонг Конг ја намали прогнозата за раст на својата економија за 2014 година, откако кварталниот раст забави на најниското ниво во последните две години.

Причината за тоа е се помалата потрошувачка на кинеските туристи.

Според податоците на владата во Хонг Конг, економијата на овој независен кинески финансиски центар во периодот април-јуни пораснала за скромни 1,8 проценти на годишно ниво, што е значително под растот од 2,6 проценти во првиот квартал, пренесува агенцијата АП.

Владата во Хонг Конг, од таа причина, ја намали годишната прогноза за раст на БДП на помеѓу 2,0 и 3,0 проценти од претходно прогнозираните 3,0 до 4,0 проценти, на што, според соопштението на владата, влијаела ниската потрошувачка на туристите, и забавувањето на домашната побарувачка, кое стана нов извор на неизвесност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП