9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУсвоена студијата за изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас

Усвоена студијата за изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас

gasifikacija300

Владата ја усвои физибилити студијата за склучување јавно приватно партнерство за изградба на дистрибутивната мрежа за природен гас во источна и западна Македонија.

Како што информира денеска на прес-конференција вицепремиерот Владимир Пешевски, јавните повици ќе бидат објавени до крајот на идниот месец.

Дистрибутивната мрежа го опфаќа и скопскиот регион за кој се веќе распишани јавните повици. Се пријавиле две компании, а евалуацијата е во тек.

„Вкупната инвестиција за дистрибутивната мрежа долга над 650 километри ќе биде 150 милиони евра од кои 100 за скопскиот регион, а 50 за другите два, источниот и западниот“, истакна Пешевски.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, изградбата се очекува да трае четири години. Во источниот дел од земјава со мрежата ќе бидат опфатени 37 општини, додека во западниот 26.

Министерот за економија Беким Незири потенцира дека бенефитот од снабдувањето со природен гас ќе биде огромен, особено од економски аспект.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП