28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСакате работа во Германија: Како до признавање на квалификациите

Сакате работа во Германија: Како до признавање на квалификациите

germanija1

Германската влада во јуни 2011 година започна „офанзива“ за привлекување на стручна работна сила.

Доколку на германскиот пазар на труд ништо не се промени, во 2025 година на локалните компании ќе им недостастуваат 6 милиони работници.

Механичар кој вози такси, медицинска сестра која работи како чистачка, инженер кој живее од социјална помош. Во Германија има голем број доселеници кои не ја работат работата за која се квалификувани и за која добиле диплома и стекнале квалификации во други земји.

 

Законско право на признавање на квалификациите

Претставникот на германското Министерство за економија, Улрич Шонлеитнер, вели дека тешко е да се споредат странските квалификации со германските. „Ние имаме високо ниво, кое не сакаме да го “разредиме”. Затоа мораме точно да утврдиме какви се конкретните компетенции на одреден поединец“.

 

Страна за споредување на квалификации

Информации за тоа какви професионални квалификации постојат во одредена земја и како тие може да се споредат со германскиот систем на вреднување може да се најдат на интернет страницата www.bq-portal.de  во чие поставување учествувало и германското Министерство за економија.

 

Колку ќе ве чини

За признавање на квалификациите во точно утврдените професии како што се доктор или медицинска сестра, задолжени се службеници во покраинските институции за здравство. „Тие не чувствуваат притисок од некоја фирма која вели: „Нам овде ни се потребни луѓе“, објаснува Маиер. Дополнителна препрека се трошоците кои настануваат при признавањето на квалификациите. По правило тие се околу 600 евра, но трошокот може да стигне и до 2.000 евра. Се зависи од тоа колку документи треба да се соберат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП