28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПремиерот на Индија: Банкарски сметки за сите

Премиерот на Индија: Банкарски сметки за сите

premijer-indije-narendra-modi_660x330

Премиерот на Индија, Нарендра Моди, најави денес план со кој би требало да се обезбеди сите Индијци да имаат банкарски сметки, оценувајќи дека неможноста за отплата на долговите кон кредиторите е виновник за високото ниво на самоубиства меѓу земјоделците.

„Зошто нашите фармери се одлучуваат на самоубиство? Поради тоа што мораат да се задолжуваат со високи каматни стапки од заемодавците. Владата ќе креира програма која ќе обезбеди дури и најсиромашниот граѓанин да може да има сопствена банкарска сметка“, изјави Моди во говорот по повод Денот на независноста на Индија, пренесува агенцијата Франс прес.

Премиерот изјави дека програмата ќе им обезбеди на земјоделците посебни гаранции во вонредни околности во вредност до 100.000 рупии (1.650 долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП