20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија губи 4,5 милиони евра поради руските санкции

Австрија губи 4,5 милиони евра поради руските санкции

rusijasankcii

Руската забрана на увозот на намирници од земјите на Европската унија (ЕУ), според првите проценки на Земјоделската комора на Австрија, досега предизвика штета во австриската економија во висина од 4,5 милиони евра.

„Тоа се однесува на стоката која е произведена за рускиот пазар и која сега се наоѓа во складиштата, односно таа беше на пат кон Русија – укажа министерот за земјоделство на Австрија Андраум Рупречтер. Австрија губи, според него, речиси половина од својот аграрен  извоз во Русија.

Минатата година Австрија во Русија извезе земјоделски производи во вредност од околу 240 милиони евра, со тенденција за понатамошен раст, бидејќи рускиот пазар покажа голема побарувачка за австриското свинско месо, кое е погодено од листата на санкции, пренесува агенцијата Танјуг.

Австрија не губи само важен пазар, туку и се заканува и пад на цените на земјоделските производи во ЕУ, а вкупната сума на штетата, во моментов не може да се процени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП