1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПонта: Еврозоната е во рецесија и треба да бараме нови пазари

Понта: Еврозоната е во рецесија и треба да бараме нови пазари

victor-ponta2

Романија треба да се насочи кон нови пазари, како што се Турција, Кина, Азија и Африка, бидејќи еврозоната „повторно западна во рецесија“, изјави романскиот премиер Виктор Понта.

„Европа доби нови лоши вести. Еврозоната е повторно во рецесија. Тоа значи дека Романија помалку ќе успева да го одржува ритамот на економски раст и на создавање нови работни места само од европскиот пазар. Треба да се свртиме кон други пазари“, изјави Понта.

Тој истакна дека на краток и на среден рок на Русија не може да се смета како на трговски партнер на Романија.

„Сите економски врски меѓу Европа и Русија ќе се влошуваат се повеќе и тоа ќе им наштети на економиите на Германија и на другите земји“, додаде Понта.

Според податоците на Евростат, објавени вчера, бруто домашниот производ во ЕУ во вториот квартал од годинава порасна за 0,2 проценти во однос на претходното тримесечје, додека економијата во еврозоната забележи нулти раст. Експертите очекуваа еврозоната да има раст на БДП од 0,1 отсто.

На годишно ниво, економскиот раст на ЕУ во вториот квартал изнесувал 1,2 проценти, а на еврозоната 0,7 отсто.

На годишно ниво растот на БДП на Романија изнесува 2,6 отсто, додека на квартално ниво тој е поголем за еден процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП