3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo незапирливо расте

Lenovo незапирливо расте

lenovo rast 3

Кинески „Lenovo“, моменталнот водечкиот светски производител на компјутери, ги објави финансиските резултати за изминатиот квартал. Во периодот од април до јуни, оваа корпорација забележала доста импресивен раст на приходите од 18%, т.е. тие сега изнесуваат 10,4 милијарди долари во само еден квартал. Со пораст на приходите од продажбата, „Lenovo“ забележа и значаен раст на нето добивката од дури 23 проценти, па во споменатиот период изнесува 214 милиони долари.

Првиот човек на „Lenovо“ Јуангинг Јанг изјави дека изминатиот период ќе влезе во историјата на оваа компанија како рекорден. „Lenovo“ ја држи водечката позиција според продажбата на компјутери во светот со удел од 19,4%, најголем досега. Покрај тоа, за прв пат се најдоа на третото место според продажбата на таблети (веднаш зад „Apple“ и „Samsung“), т.е. за прв пат го заземаа водечкото место според продажбата на смартфони во Кина, а забележаа и голем раст и на другите пазари.

„Lenovo“ во текот на последниот квартал продаде 14,5 милиони компјутери и 15,8 милиони мобилни телефони, а овие бројки покажуваат дека и за прв пат продажбата на смартфони ја надмина продажбата на компјутери.

Oд интересните податоци се истакнува и фактот дека проджбата на смартфони на овој производител во Источна Европа пораснала за 500%. Јанг во коментарот за финансискиот извештај исто така истакнува дека токму овој регион е потенцијалниот пазар за „Lenovo“ и дека компанијата во него ќе вложи дополнителни напори и финансиски средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП