5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар заглавен во рецесијата

Кипар заглавен во рецесијата

kiparekonomijakip5

Економијата на Кипар која е погодена од рецесија во вториот квартал забави за 0,3 проценти, што е помал пад во однос на забавувањето од 0,6 проценти кое беше забележано во претходниот квартал.

Станува збор за дванаесетиот последователен квартал со негативен економски раст на кипарската економија, додека БДП на Кипар во периодот април-јуни, на годишно ниво, потона за 2,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Според најновите податоци на Заводот за статистика, забележани се негативни стапки во повеќе сектори, како градежништвото, преработувачката индустрија, банкарството и сообраќајот, додека единствено во секторот за туризам и трговија е забележан позитивен раст.

Кипар досега прими половина од средствата од меѓународниот пакет помош кој минатата година го договори со Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП