25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart не се надева на најдоброто

Walmart не се надева на најдоброто

walmart-ventas-web222

Најголемиот светски ланец на дисконтни продавници „Walmart“ ги намали прогнозите за целниот годишен профит поради растот на трошоците на здравственото осигурување.

На профитот би можеле да се одразат и инвестициите во развојот на продажбата преку интернет.

Оваа мултинационална компанија со седиште во САД, во иднина смета на годишен профит по акција од 4,90 до 5,15 долари, додека во претходната прогноза за 2014 година најави профит од 5,10 до 5,45 долари, пренесува Ројтерс.

Нето профитот во вториот квартал изнесувал 4,09 милијарди долари или 1,26 долари по акција, во однос на 4,07 милијарди (1,24 долари по акција) во истиот квартал една година претходно.

„Walmart“ исто така наведе дека приходите во вториот квартал се зголемиле за 28 проценти, но дека продажбата во одредени објекти стагнирала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП