1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветската банка апелира за помош на гладните во Западна Африка

Светската банка апелира за помош на гладните во Западна Африка

G

Светската банка побара на гладните во Либерија и Сиера Леоне, африкански држави што се изолирани од светот поради епидемијата на eбола, да им се достави храна на вонреден начин од воздух или со специјален конвој.

Стабилноста на целиот регион на Западна Африка ќе биде доведена во прашање, доколку гладта и болеста почнат неконтролирано да се шират, предупреди еден од директорите на Светската банка Тим Еван, истакнувајќи дека е неопходна сеопфатна глобална реакција.

Светската банка, заедно со ОН и Светската здравствена организација вршат итна проценка за испорака на храна, додека истовремено постои опасност од продлабочување на кризата поради неухранетост и ширење на други болести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП