26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCisco ќе подели шест илјади откази

Cisco ќе подели шест илјади откази

cisco m38

„Cisco“ вчера ги објави своите најнови финансиски резултати кои не будат оптимизам. Вкупната добивка забележа пад за 1 процент, додека приходите остана на речиси исто рамниште.

И покрај тоа што не забележиле загуба, недостатокот на раст и напредок во работата го поттикна раководство на оваа компанија на доста радикални потези. Со кварталниот извештај пристигна и известувањето дека „Cisco“ ќе стартува со уште една фаза на големо реструктуирање.

Во склоп на тој процес кој ќе чини дури 700 милиони американски долари, „Cisco“ во наредниов период ќе отпушти и до 6.000 вработени, што чини околу 8 проценти од нивната вкупна работна сила.

Отказите ќе бидат распоредени низ сите поддружници ширум светот, а дел се од поголемата стратегија која се фокусира на намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста на вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП