3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е новата цел на кинеските лидери

Ова е новата цел на кинеските лидери

kinabanki1

Кинеското индустриско производство, кое ја мери активноста на фабриките, работилниците и рудниците, се зголеми во јули девет проценти на годишно ниво, соопшти владата во Пекинг.

Малопродажбата, клучниот индикатор за домашната потрошувачка, истовремено порасна за 12,2 проценти, наведува кинескиот Завод за статистика, а пренесува агенцијата Франс прес.

Инвестициите во инфраструктурата се зголемени во седум месеци заклучно со јули за 17 проценти.

Растот на индустриското производство во минатиот месец забави од 9,2 проценти во јуни, но беше во согласност со очекувањата на аналитичарите.

Кинеските лидери сакаат да ја трансформираат економската структура кон онаа која ја поттикнува домашната побарувачка, во однос на традиционалната која се ослонува на големите, често непотребни инвстиции.

Економијата во Кина во три месеци заклучно со јуни пораснала за 7,5 проценти, забрзувајќи од 7,4 проценти од претходниот квартал, кога беше забележан најнискиот раст од третиот квартал во 2012 година. Пекинг за оваа година предвидува економски раст од 7,5 проценти, на нивото на минатогодишното целно ниво, иако економијата во 2013 година сепак порасна за 7,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП