29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМал раст на бројот на вработени во Франција

Мал раст на бројот на вработени во Франција

francijapeople1

Бројот на вработени во францускиот пазарен сектор, не сметајќи го земјоделството, е зголемен за 0,1 проценти во вториот квартал, со 15,300 нови работни места, соопшти францускиот Национален институт за статистика ИНСЕЕ.

Овој раст следеше по падот од 0,1 проценти во првиот квартал, кога беа избришани 21,700 работни места, прецизира ИНСЕЕ, пренесува агенцијата Ројтерс.

Кога се набљудува дванаесет-месечниот период (од јуни 2013 до јуни 2014) произлегува дека вработеноста во приватниот сектор е стабилна, а бројот на нови работни места изнесува 7,400.

Во категоријата привремено вработување во извештајниот квартал забележан е раст од 2,4 проценти (уште 12,500 работни места), по падот од 4,8 проценти во првиот квартал.

Гледано во однос на секторите, во индустријата бројот на вработени во вториот квартал е намален за 0,3 проценти, а во градежништвото за 0,6 проценти. Спротивно на тоа, во услужниот сектор вработеноста е намалена за 0,3 проценти, по падот од 0,1 проценти во првиот квартал од тековната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП