
Тајландската авиокомпанија „Thai Airways“ ќе укине 6.000 работни места или речиси една четвртина од вкупниот број на вработени до 2018 година.


Тајландската авиокомпанија „Thai Airways“ ќе укине 6.000 работни места или речиси една четвртина од вкупниот број на вработени до 2018 година.
Намалувањето на вработените е дел од планот за реконструкција на компнијата.
„Thai Airways“ наведува дека оваа година ќе укине 1.500 работни места со цел намалување на трошоците и давање на приоритет на некои релации со цел да се врати профитабилноста на компанијата до средината на 2015 година. Останатиот број на предвидени откази е предвиден за наредната година.
Авиокомпанијата има 25.000 постојано вработени лица и 5.000 сезонски работници.