8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ на Шпанија и се заканува дефлација

И на Шпанија и се заканува дефлација

panic-button-320x309

Во Шпанија минатиот месец е евидентиран најсилниот пад на потрошувачките цени за речиси пет години, во време кога еврозоната се обидува да ги отфрли заканите од дефлацијата.

Во економијата која бележи невработеност од 24 проценти, потрошувачките цени во јули се намалиле повеќе од очекуваното, 0,4 проценти на годишно ниво, наведува шпанскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.

Падот на цените во јули е најостриот пад од октомври 2009 година, а во јуни четвртата по големина економија во еврозоната забележа нулта инфлација. Вкупните цени се намалени поради поевтинувањето на забавните содржини, струјата, цигарите, храната и безалкохолните пијалоци, наведуваат статистичарите.

На месечно ниво, цените во јули се намалени за 1,5 проценти. Податоците за инфлацијата се причина за загриженост на шпанските законодавци, кои се обидуваат да го зачуваат постепеното економско закрепнување, откако Шпанија на средината на минатата година се извлече од долготрајната рецесија.

Инфлацијата е невообичаено ниска во 18-члената еврозона, што поттикнува загриженост дека целиот овој блок ќе потоне во дефлација, односно пад на цените, а тоа лошо ќе се одрази на економската активност и ќе доведе до пад на вработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП