28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да станете ѕвезда во канцеларијата

Како да станете ѕвезда во канцеларијата

56671_shutterstock-98417870_630x0

Многу се зборува дека денешните генерации се гладни за моќ, претерано самоуверени, дека го поминуваат целиот ден со својот ајфон во раце и сакаат само да напредуваат. Победете ги овие стереотипи со помош на овие совети од Џен Швабел, автор на книгата „Нови правила до успешна кариера“.

Бидете добри во она што го работите

Ќе ја добиете довербата во компанијата ако добро ја обавувате својата работа, а дури потоа можете своите идеи да ги проширите надвор од вашите рамки.

Олеснете му ја работата на шефот

Ако му ја олесните работата на шефот, и тој на вас ќе ви го олесни напредувањето. Понудете му помош дури и кога тоа не е побарано од вас.

Станете експерт

Ако е потребно посетувајте некој дополнителен курс со цел да се стекнете со максимална стручност во тоа што го работите.

Барајте информации

Ако не сте биле присутни, или од некоја друга причина сте пропуштиле нешто во вашата компанија, побарајте детални информации за случувањата.

Секогаш исполнувајте ги обврските

Исполнувајте ги вашите обврски секогаш, но не само колку тие да бидат исполнети, туку извршете ги на одличен начин.

Не донесувајте избрзани одлуки

Внимавајте кои и какви се вашите одлуки, дали можат да ви наштетат или ќе ви помогнат, пред да одлучите нешто размислете два пати.

Она што е морално не е тешко

Пронајдете начин сами да си олесните во работата или во обавувањето на нешто што не го сакате. Она што мора да го направиме, едноставно мора да го направиме, и за тоа време најдобро е да не размислуваме на незадоволството туку вредно да работиме и во брзо време да се ослободиме од обврската.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП