3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОдлични резултати за Foxconn

Одлични резултати за Foxconn

fox fab

Tајванскиот производител на електрични уреди „Hon Hai Precision Industry“, попознат како „Foxconn“, ги објави најновите квартални бизнис резултати. Во нив стои дека оваа компанија, која околку половина од своите приходи ги заработува од составувањето на производите на „Apple“, забележила раст на приходите и добивката, веќе трет квартал поред.

Во периодот од април до јуни оваа година, „Foxconn“ оствари нето добивка од 673 милиони американски долари, што е за околу 15 проценти повеќе од очекуваното.

Главниот фактор кој влијаеше на вака добрите резултати е многу добрата продажба на „Apple“ уредите – „iPhone“ и „iPad“. „Foxconn“ во својата долгогодишна стратегија има за цел да ја намали зависноста од само еден голем купувач, па тргнаа во инвестиции со други телекомуникациски и „IT“ компании.

Но, од претстојните нови генерации на уредите на „Apple“, тие и натаму ќе генерираат многу значајни приходи на оваа компанија која сега веќе има вработено околу милион работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП