24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Даниела Дабеска, сопственик на Резиденција Дабески

Интервју со Даниела Дабеска, сопственик на Резиденција Дабески

dabeska-k

Денар: На социјалните мрежи и во медиумите може да се сретне најава за наскоро отворање на резиденција Дабески, што всушност ќе претставува оваа резиденција?

Во октомври во Македонија почнува со работа нов центар со холистички пристап за живеење и грижа на возрасни лица. Токму како што индицира и самото име се работи за резиденцијален објект, кој е граден по сите стандарди регулирани според законската легислатива во Мaкедонија, но исто така е објект кој максимално ги има запазено сите европски стандарди. Сето ова, споено со една од најубавите локации каде што е сместена резиденцијата, во непосредна близина од центарот на Скопје во општината Сопиште, ќе овозможи убав и достоен живот на луѓето во повозрасни години, кои сакаат староста да им помине убаво.

Денар: Што може да очекуваат оние кои ќе се одлучат пензионерските денови да ги поминат во оваа резиденција?

Од технички аспект, резиденцијата нуди луксузен екстериер и ентериер, максимално пристапен и приспособен за комотно функционирање и на клиенти кои имаат физички потешкотии. Концептот е базиран на хотелско сместување, но исто така е комплетно опремен и со медицинска опрема и помагала, за станари кои ќе имаат потреба од ваква помош. Објектот е опкружен со убаво уреден двор со зеленило, прекрасна околина за убави прошетки и излети, а сепак многу блиску до центарот на градот. Од аспект на внатрешниот живот во резиденцијата, нашите клиенти се разбира дека ќе имаат комплетна нега зависно од потребите на секој клиент поединечно,од страна на обучен персонал, односно тим кој е составен од медицински лица, негувателки, социјален работник, психолог, физиотерапевт. Но сето ова се подразбира дека треба да постои во секоја ваква установа, ние во нашиот дом исклучително внимание ќе посветиме на социјалниот живот. Подготвена е исклучително богата програма со активности, во кои освен станарите во резиденцијата и самото семејство на нашите клиенти ќе има можност да биде вклучено.

Денар: Со каков капацитет ќе располага резиденција Дабески?

Резиденција Дабески има капацитет за сместување на 40 лица.

kaver-dabeski

Денар: По што ќе се разликува Дабески од останатите центри за возрасни лица?

Резиденција Дабески програмата за клиентите ја подготвуваше по модел на шведски центри. Главниот акцент е даден на богато осмислен социјален живот, со активности кои на нашите клиенти ќе им го исполнат и разубават животот. Фитнес инструктор,јога инструктор, часови по зумба, пикник, театар, тематски забави се само дел од големата палета на активности. Иновативноста исто така се однесува и во делот на психо-социјалната поддршка. Пред да одлучат да се приклучат кон нашето семејство во резиденцијата, клиентите имаат можност во нивните домови да се сретнат и запознаат со дел од персоналот. На членовите на  семејствата доколку им е потребно исто така можат да добијат ваква поддршка. Исто така на располагање на клиентите ќе биде и личен асистент, кој ќе обезбедува целодневна асистенција во случаи ако клиентот сака да оди на гости, во шопинг, во посета на семејството и сл. И кога ќе ги земеме во предвид сите перформанси на овој центар, почнувајќи од самиот изглед на објектот, посветен и добро обучен персонал, иновативна програма, сето ова спакувано во пакет кој е со навистина пристапна цена, резиденција Дабески навистина ќе се разликува од повеќето вакви центри во земјата.

Денар: Колкав е досега интересот на граѓаните за услугата која ја нудите?

Иако кампањата се уште не е во полна динамика, засега информациите се однесуваат само на најава, интересот е доста голем. Се јавуваат потенцијални клиенти, кои во најголем процент ги интересира богатата програма за социјален живот, што нас особено не радува.

dabeska-b

Денар: Кои се придобивките од животот во центар како што е Дабески?

Староста може да биде убава. Тоа е одлука наша лична и само од нас зависи дали и како ќе ја поминеме. Староста не треба да значи изолираност, осаменост и денови поминати само во очекување да се видите или слушнете со најблиските. Староста треба да биде долго очекуван период во кој ќе го правиме сето она што претходно не сме можеле, заради обврски со семејството, децата, кариерата…Ние, кога ја подготвувавме програмата за центарот се базиравме на нашите лични очекувања што ќе ги имаме кога еден ден и самите ќе бидеме во оваа резиденција. Во оваа резиденција, приоритет се индивидуалните желби и потреби и живот исполнет со грижа, љубов, дружење и смеа. Тоа е животна придобивка, која овој центар ќе ја овозможи.

Денар: Кога го очекувате вселувањето на првите станари во резиденција?

Првите станари ги очекуваме во Октомври, веќе пред крај се подготовките за нивното ДОБРЕДОЈДЕ. За првите 10 станари е подготвен и дополнителен промотивен пакет, кој е доста примамлив и интересен. Нашиот тим е подготвен и со нетрпение ги очекуваме нашите станари за заедничка дружба.

Повеќе информации за резиденцијата може да се најдат на следниот линк:
https://www.facebook.com/rezidencijadabeski

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП