1 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗошто вработените ги напуштаат работните места?

Зошто вработените ги напуштаат работните места?

i-quit

Не е доволно само да се најде работа во која пристојно ќе бидете платени за она што го работите. Ако компаниите сакаат да ги вработат најголеми професионалци, тогаш мораат да им овозможат доволно причини за да останат. Дознајте кои се најчестите причини за напуштање на работното место…

Мала плата

Ова е најчестата причина. Работите за да заработите пари, но парите тука ги нема и вие не успевате да ги исплатите сите месечни трошоци со таа плата. Нормално е дека ќе ја напуштите работата.

Досадна работа

Ако вашата работа не ве мотивира и инспирира и не ви овозможува доволно предизвици или можности за понатамошен раст, сигурно дека ќе посакате промена.

Лоша соработка со колегите

Голем број на лица го напуштиле работното место поради лошиот однос со колегите, кој по извесно време станува неподнослив.

Недостаток на признание

Најлошо е кога толку многу сте се труделе а никој не го забележал тоа, тука веќе почнувате да се иритирате и да сфаќате дека не вреди толку да се трудите, нормално дека ќе побарате некој на кој му е важно вашето залагање.

Подобра понуда

И тоа како ќе си заминете од работа во моментот кога ќе налетате на подобра понуда, и тоа е сосема оправдано, сепак вреди да се ризикува со цел да се подобри квалитетот на животот.

Недостаток на можности за раст и развој

Ако забележувате дека во вашата компанија никој и никогаш не напреднал во ништо, зошто вие би очекувале дека вие тука ќе растете и ќе се развивате, ваквата компанија може да ви ја уништи кариерата, затоа подобро побарајте некоја друга опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП