29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФилип Беќаровски трет на тестирањето на Блумберг

Филип Беќаровски трет на тестирањето на Блумберг

fb

Филип Беќаровски, студент на универзитетот Тилбург во Холандија, освои трето место на тестот на фондацијата „Блумберг“ од Њујорк, во конкуренција на најдобрите студенти во Европа, западна Азија и северна Африка.

Третиот најдобар резултат Беќаровски го постигна со 99 отсто точни одговори на тестот.

Основно и средно училиште Беќаровски завршил во Скопје, а потоа се определил за економски студии во Холандија – на универзитетот во Тилбург, кој е меѓу најпрестижните во Европа.

Фондацијата „Блумберг“ е на Мајкл Рубенс Блумберг, еден од најбогатите луѓе во САД, сопственик на компанијата „Блумберг Л.П.“, чија основна дејност е давање финансиски информации.

Светот го запозна како градоначалник на Њујорк во три мандати, но е познат како прв човек на фондацијата која истажува и пронаоѓа млади, перспективни студенти и дипломирани економисти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП