Чешкиот претседател Милош Земан ја поддржува идејата за компензација на загубите на чешките прехранбени компании погодени од санкциите кои Европската унија ги воведе за извоз на нивните производи во Русија, поради нејзината позиција во украинскиот конфликт.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, Земан смета дека санкциите се неразумни и предизвикуваат контрамерки кои потоа им штетат на економските односи и ја продлабочуваат недовербата меѓу земјите.
Според Земан, ниедна компанија не е виновна дека ЕУ воведе санкции, на што Русија одговори со противмерки и предлага поддршката за европските земјоделци да биде обезбедена од резервните фондови на ЕУ.