26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешките фирми веќе знаат како да го избегнат руското ембарго

Чешките фирми веќе знаат како да го избегнат руското ембарго

prague2

По помалку од една недела откога важи руската забрана за увоз од ЕУ, чешките производители, како и оние од другите земји, веќе најдоа начин како своите производи да ги увезат во Русија, јави дописникот на МИА од Прага.

Увозот ќе се врши преку трети земји, преку т.н. „реекспорт“. Принципот е едноставен, стоките се извезуваат во трета земја, таму се препакуваат и официјално како локален производ потоа се извезуваат во Русија.

Како што пишува весникот „Лидове новини“, чешките фирми веќе добиваат понуди од компаниите од земји за кои не важи руското ембарго. Најчеста дестинација е Хонг Конг, каде што може слободно да се тргува со странски валути и каде за 1.200 евра за неколку дена се регистрира фирма.

Иако јавно никој не зборува на оваа тема, за да не реагира Москва уште построго, сепак се претпоставува дека сите земји-членки на ЕУ, особено оние кои извезуваат земјоделски производи во Русија, ќе се обидат да го искористат реекспортот за пласман на нивните стоки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП