3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Газпром намален за 38 проценти

Профитот на Газпром намален за 38 проценти

gazprom3

Нето профитот на Газпром, пресметан според руските стандарди, во првата половина од 2014 година е намален за 38 проценти во споредба со истиот период претходната година, на 4,3 милијарди долари.

Приходите истовремено се зголемени за 9,9 проценти и достигнаа 2,111 милијарди рубљи, пренесува Итар тас.

Бруто добивката на компанијата во првите шест месеци изнесувала 1,131 милијарди рубљи, што е за 15,1 проценти повеќе отколку во периодот јануари-јуни 2013 година. Добивката пред оданочување е намалена во првата половина од годината за 19 проценти, на 282,52 милијарди рубљи.

Намалувањето на профитот е резултат на растот на трошоците на компанијата за 1,3 пати на 1,882 милијарди рубљи, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП