28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите стравуваат од дефлација

Французите стравуваат од дефлација

deflation100~_pd-1377867018612_v-z-a-par-a-s

Цените во Франција во јули остро се намалија во однос на претходниот месец, покажуваат податоците во Париз, будејќи стравување од дефлација во земјите од еврозоната.

Цените во јули на месечно ниво се намалени за 0,3 проценти, додека на годишно ниво пораснале за 0,5 проценти, како и претходниот месец, наведува францускиот Завод за статистика, додавајќи дека за падот на цените може да бидат заслужни летните намаленија, пренесува агенцијата Франс прес.

Економистите стравуваат од дефлацијата, која ги охрабрува потрошувачите да го одложат купувањето со надеж дека цените дополнително ќе се намалат, а сето тоа е голем ризик за економскиот раст и можност за долготрајна дефлација.

Загриженоста околу ова прашање ја принуди Европската централна банка во јули да ги намали каматните стапки и да спроведе нови мерки за монетарно олабавување во еврозоната. Во Германија, најголемата европска економија, инфлацијата во јули забави на најниското ниво во последните четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП