3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈанакиески во контрола на работите на патoт Велес-Штип

Јанакиески во контрола на работите на патoт Велес-Штип

avtopat559

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски, ќе извршат увид на градежните активности на експресниот пат Велес-Штип до Кадрифаково.

Локацијата на која ќе се изврши увид е на 3,5 км од завршувањето на третата лента од Велес кон Штип.

Станува збор за доста оптоварен пат кој е главен влез за источна Македонија.

Реконструкцијата со одредено проширување чини околу 15 милиони евра, а вкупно се опфатени 24 километри. Реконструкцијата на дел од патниот правец веќе е завршена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП