28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПониски продажните цени на индустриските производители

Пониски продажните цени на индустриските производители

industriski proizvodi22

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0,2 отсто на месечно и за 0,7 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во јули годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,3 отсто, во групата Капитални производи и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто и во групата Енергија за 0,1 отсто, додека во групата Трајни производи за широка потрошувачка не се променети.

Во јули годинава, во споредба со јули лани, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП