20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната непријатно изненади

Еврозоната непријатно изненади

bugari-evro

Индустриското производство во еврозоната во јуни се намали за 0,3 проценти поради намалувањето на производството на потрошувачката стока и енергија, покажаа денес официјалните податоци на статистичките служби.

Резултатот значително потфрли во однос на очекувањата на аналитичарите и најновиот знак е дека економијата на еврозоната забавува, што доведува до слабеење на еврото во однос на доларот, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите прогнозираа дека производството во јуни ќе порасне за 0,3 проценти, по падот од 1,1 проценти во претходниот месец. На годишно ниво, производството во монетарниот блок во јуни мируваше.

Производството на потрошувачката стока во јуни се намали за 1,9 проценти, а на енергијата за 0,7 проценти. Најголемиот пад во индустриското производство е забележан во земјите на периферијата на еврозоната, преводени од Ирска, каде производството е намалено за 16,5 проценти. Во Германија, од друга страна, индустриското производство е зголемено за 0,2 проценти, а во Франција за 1,2 проценти.

На ниво на 28-члената Европска унија, индустриското производство е намалено за 0,1 проценти на месечно ниво, додека на годишно ниво е зголемено за 0,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП