9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција значително го забави економскиот пад

Грција значително го забави економскиот пад

grcka_eurobhtrhy65u

Економските активности во Грција се намалени во вториот квартал со најбавното темпо во последните шест години, покажаа податоците на грчката Канцеларија за статистика ЕЛСТАТ. Грција значително го забави економскиот пад

Официјалните податоци на ЕЛСТАТ покажуваат дека грчката економија во втoриот квартал е намалена за само 0,2 проценти во однос на истиот период минатата година, што е најмалиот пад од третиот квартал во 2008 година.

Во првиот квартал БДП е намален за 1,1 проценти. По шест години рецесија предизвикана од светската криза и внатрешните должнички проблеми, многу економисти предвидуваат дека Грција ќе забележи скромен раст во втората половина од оваа година.

Од почетокот на рецесијата во 2008 година грчката економија е намалена речиси за една четвртина, делумно и поради острите мерки за штедење кои владата мораше да ги воведе, вклучувајќи намалување на јавната потрошувачка и зголемување на даноците, со цел да добие меѓународни кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП