19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија со најниска невработеност во последните шест години

Велика Британија со најниска невработеност во последните шест години

big ben 385

Невработеноста во Велика Британија продолжува да се намалува и во вториот квартал од оваа година, па сега 2,02 милиони луге се без работа, соопшти денеска Националното биро за статистика (ОНС).

Тоа значи дека на крајот од јуни годинава, 6,4 отсто од вкупниот број работно способно население немаат никакво вработување. Ова е најнискиот процент на невработеност во земјата во последните шест години.

Според податоците на ОНС, бројот на вработените во периодот март-јуни е зголемен за уште 167 илјади, достигнувајќи 30,6 милиони вработени лица. Најголемиот дел од нив се вработени со полно работно време.

Вкупно 4,6 милиони Британци се регистрирани како самовработени, што е досега најмногу во британската пракса. Експертите оценуваат дека самовработувањето ќе продолжи да се зголемува иако не може да се утврди дали тоа претставува првиот избор, пред изнаоѓање друго „вистинско“ вработување или пак е последното уточиште, кога лугето немаат друг избор.

Успехот во вработувањето не се гледа и кај вработеноста на младите на возраст од 16 до 24 години. Иако невработеноста на младите е намалена од 20,9 на 17,8 отсто таа останува и натаму останува висока.

Истражувањето што го направи Институтот за истражување на јавната политика од Лондон открива дека 868 илјади млади луге се без работа, а дури 700 илјади од нив никогаш досега ништо не работеле.

Експертите на овој Институт оценуваат дека опоравувањето на британската економија засега не помага за намалување на невработеноста кај младите Британци и се изразува сомневање дека нешто позначајно ќе може да се измени во следните месеци.

Тие сметаат дека Велика Британија треба да ги следи успешните искуства во намалување на невработеноста кај младите, што ги имаат забележано Германија и Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП