28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали жените раководители сеуште се потценети?

Дали жените раководители сеуште се потценети?

zenilideriv

На жените раководители не се гледа повеќе како на инфериорни во споредба со мажите раководители, открива новото американско истражување. Кога се работи за ефективноста, жените добиле подеднакво добри оценки како и мажите, а во некои области дури и повисоки оценки.

„Кога станува збор за самото управување, на мажите и жените се гледа како на подеднакво ефективни. Колку повеќе жени дојдоа на водечките позиции толку повеќе луѓе престанаа да го поврзуваат управувањето со мажите – вели Саманта Паустијан Андердах, еден од истражувачите.

Истражувањето открива дека мажите често за себеси мислат дека се многу подобри раководители од жените.

Еден дел од истражувањето ја проучувал хипотезата за тоа дека постојат предрасуди за жените управители, бидејќи според стереотипната слика за жените, тие не поседуваат квалитети на лидер.

Жените најчесто се опишуваат како комуникативни, внимателни и насочени кон креирање на добри односи, додека мажите се опишуваат како ефикасни, самоуверени и независни – се вели во истражувањето.

Истражувањето покажало дека жените се сметаат за подобри раководители во средниот менаџмент, трговијата и едукативните организации.

Истражувачите имаат теорија и дека некои луѓе претпоставуваат дека жените раководители мора да бидат исклучително компетентни за да дојдат до водечките позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП