18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип го зголемува пазарниот удел, ја зачувува корисничката база и бележи раст...

Вип го зголемува пазарниот удел, ја зачувува корисничката база и бележи раст на договорните претплатници

bobo

Во услови кога пазарот на мобилна телефонија во Македoнија бележи стагнација, Вип ја задржува својата база на корисници во текот на првата половина на 2014 година и истовремено го зголемува бројот на договорни постпејд претплатници за 12% споредено со минатата година. Со тоа постпејд корисниците се зголемуваат на повеќе од 50% од корисничката база на Вип, а пазарниот удел на Вип забележува благ пораст и достига 28.2%.

Приходите во вториот квартал од 2014г. се намалија за 13% споредено со истиот квартал минатата година и изнесуваат 14.3 милиони евра. Најголемо влијание за намалување на вкупните приходи доаѓа од интерконекцијата, како резултат на регулацијата  на големопродажните цени за терминација на сообраќај во мобилни мрежи, кои во однос на истиот период минатата година бележат намалување од 70%. Вип успеа делумно да го компензира негативниот тренд во приходите преку кратење на оперативните трошоци, но и покрај тоа Заработката пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА), споредено со минатата година забележа пад за 26% и изнесува 2.5 милиони евра. Со трошоците за депресијација и амортизација кои се речиси стабилни на нивото од предходната година, оперативна добивка изнесува 0.3 милиони евра, наспроти 1.3 милиони евра од истиот период минатата година.

– Во услови на заситеност на пазарот на мобилна телефонија и остра конкурентска битка меѓу операторите, континуираниот тренд на намалување на малопродажните и големопродажните цени влијае врз профитабилноста на операторите и наложува неопходност од скратување на оперативните трошоци. Имајќи го предвид ова пазарно опкружување и предизвиците со кои се соочуваме, горди сме што забележуваме пораст во постпејд сегментот, кој сега изнесува повеќе од половина од нашата корисничка база. Ќе продолжиме и понатаму да го развиваме потенцијалот на нашата 4Г ЛТЕ мрежа со најголема покриеност во Македонија, со цел да обезбедиме најдобро искуство за нашите корисници.– изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Вип оператор.

Денес, Телеком Австрија Групацијата ги објави резултатите од вториот квартал и од првите шест месеци од 2014г. Повеќе информации се достапни на http://www.telekomaustria.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП